На 14.09.2022 во 17.40 часот на паркинг простор во центарот на Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и ЕВР Карпош ги лишиле од слобода С.П.(34) и Д.А.(32), двајцата од Скопје. Тие биле затекнати при извршување тешка кражба во патничко возило „фолксваген голф“. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.