Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.