На 21.12.2021 околу 19.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.М.(22) од Скопје. Имено, на крстосница од бул.„ВМРО“ со бул.„Партизански одреди“ тој со возилото кое го управувал не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и притоа од прозорецот фрлил едно пакување со кокаин, кое било пронајдено и одземено. Набргу потоа, тој бил запрен и приведен. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.