На 04.05.2022 во 22.40 часот на граничен железнички премин „Табановце“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“ ги лишиле од слобода Е.Ш.(34) од село Романовце, кумановско и Р.И.(47) од село Псача, општина Ранковце.

Тие биле затекнати при обид да одземат предмети од меѓународен товарен воз. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.