Вчера (11.09.2022) околу 10.30 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, во гостиварски Добридол лишиле од слобода малолетник од ова село, поради сомнение дека бил инволвиран во извршување на тешка кражба.

Кај него бил пронајден и одземен предмет кој потекнувал од претходно извршено кривично дело „кражба“, кој ќе биде вратен на сопственикот. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.