Apple ги предупреди своите корисници веднаш да ги ажурираат своите уреди на iOS 15.3.1 поради многу важна безбедносна закрпа.

Станува збор за ранливост на WebKit што им овозможува на хакерите да работат и да извршуваат преку страница за која корисниците не се ни свесни.

„Обработката на злонамерно креирана содржина на Интернет води до извршување на кодот и овој проблем може активно да се експлоатира“, велат од компанијата.

Apple исто така додава дека е можно веќе да има некои напади кои ја искористуваат оваа ранливост и им препорачуваат на сите свои корисници да го ажурираат софтверот што е можно поскоро.

Ажурирањето е достапно за сите корисници на iOS од синоќа. Ако веќе не сте го добиле известувањето, можете да се ажурирате со избирање на „Settings“, потоа „General“ и „Software Update“.

Веднаш штом ќе го внесете ажурирањето на софтверот, уредот ќе почне да ја презема најновата верзија.