„Ние имаме јасна политичка понуда, јасна енергија којашто се гледа во целата програма којашто е понудена затоа што е поставена на здрава основа и реално лесно е за спроведување во наредните 4 години. Свесен сум дека на крајот на денот изборот е на граѓаните. Граѓаните лесно можат да направат споредба ако ги видите, тоа е нивниот начин како сметаат дека треба да се владее а тоа е во целата изборна кампања ние скоро да немаме соочување на ниво на идеи и програми, туку имаме единечно претставување на нешто што треба да наликува. Секое високо демократско општество има соочување на програми и понуди пред граѓаните за да граѓаните можат да проценат, а бидејќи нема од другата страна понуда нема ни соочување“, рече Фатмир Битиќи вицепремиерот за економски прашања и кандидат за пратеник во втората изборна единица во интервју на Слободен печат.

Тој додаде дека поради кризите кои се случија на светско ниво не може да се очекува дека една владејачка партија ќе го задржи рејтингот.

„Во целиот свет, после низа години на кризи не можете да очекувате владејачка партија да има ист рејтинг. Во справувањето со кризи секогаш има „можело и подобро“. Тоа е општа констатација. Веројатно опозицијата имаше доволно време да размислува на различни начини да претстави нешто што е поврзано со личниот идентитет туку со тоа што би го подобрило квалитетот на животот, но севкупната моја констатација од ова искуство на парламентарните избори е дека жалам што граѓаните пропуштаат да слушнат кој реално има добра понуда за да го подобри квалитетот на животот во сите сфери“, подвлече Битиќи.

Тој додаде дека СДСМ во програмата нуди 7 столба.

„Првиот столб е новата економска енергија за европски раст и стандард на граѓаните и овде зборуваме каква ќе биде нашата економија и како ќе се подобри животниот стандард на нашите граѓани. Нашето ветување е дека до 2028 година минималната плата ќе биде 600 евра. Просечната плата илјада и сто евра, што не прави се уште да сме конкурентни но да се живее многу подобро од денеска. Ако ја видите понудата од другата страна, тие викаат ќе оставиме да видиме дали ќе има природен раст. Знаеме до 2016 каков беше природниот раст, природен раст продуцира минимална плата до 9.000 денари и просечна плата до 20.000 денари. Кај нас природниот раст плус бустирање плус добро предвидливо опкружување за стопанството и економијата продуцира денеска просечна плата од 40.000 денари и минимална од 22.500 денари“, заклучи Битиќи.