Во Прилеп од раните утрински часови е во тек поголема полициска акција, со засилено присуство на униформирани полицајци и припадници на специјалните единици.
Според информациите Бирото за јавна безбедност врши претреси на околу 30 локации во градот и околината, во рамки на поширока истрага за сомневања за организиран криминал.
Неофицијално, истрагата е поврзана со активности околу наркотици, а се проверуваат и лица од полициските структури поради сомневања за можна поврзаност со лица или дејствија кои се предмет на истрагата.
Засега нема официјални информации за бројот на приведени лица или за евентуално пронајдени предмети. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на акцијата и по официјалното соопштение на надлежните институции.