Претседателот Пендаровски во работна посета на Белгија
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претседателот Пендаровски во работна посета на Белгија

Претседателот Стево Пендаровски денеска – 7 декември 2022 година, среда, ќе престојува во работна посета на Кралството Белгија.

Претседателот Пендаровски, во Монс, на церемонија со воени почести ќе биде пречекан од страна на Врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генерал Кристофер Каволи, по што ќе биде остварена средба на која ќе се разговара за безбедносните предизвици на европскиот континент.

Во Брисел, претседателот Пендаровски ќе учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во организација на аналитичкиот центар (тинк – тенк) Пријатели на Европа.

Претседателот Пендаровски ќе има обраќање за односите ЕУ – Западен Балкан низ призма на руската инвазија на Украина, статусот на земјите-кандидати за ЕУ, процесот на пристапните преговори на Северна Македонија и политиката на проширувањето на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира...

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво ќе биде времето?

Vesti +

Руските сили окупираа психијатриска болница со 670 луѓе во градот Бородјанка

В+

На улиците на најголемите градови во Кина, толпи полицајци

Vesti +

ТРИК ДА ГИ ИЗБЕЛИТЕ КРПИТЕ: Ќе бидат како нови, пробајте веднаш! Ќе исчезнат дури и најупорните стари флеки

Vesti +

Одбележување на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Vesti +

Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши

Vesti +