СВР Куманово поднесе кривична пријава против лице(31) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 19.03.2026, со наредба од Основен суд Куманово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени кокаин и амфетамин.