Vestiplus.mk
+ Centar МАКЕДОНИЈА ТОП ВЕСТИ

Премиерот Ковачевски ја пречека финската премиерка Марин, на првата посета на Финска во Северна Македонија

Претседателката на Владата на Република Финска Сана Марин пристигна во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија.

Премиерката Марин во Владата на Република Северна Македонија ја пречека премиерот Ковачевски, кој со претседателката на Владата на Република Финска, согласно агендата, ќе имаат тет-а-тет средба.

Премиерот Ковачевски и премиерката Марин потоа ќе им се придружат на делегациите на двете Влади на билатерална средба на која од наша страна ќе присуствуваат Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Премиерите Ковачевски и Марин работниот дел од средбата ќе го завршат со заедничка прес-конференција.

Можеби ќе ве интересира...

Заев: Визијата за заеднички политички и економски простор на Западен Балкан станува  реалност 

Vesti +

ЗАМОР ПОСЛЕ ЈАДЕЊЕ – Еве зошто сме поспани после оброк и што се случува тогаш во нашето тело

Vesti +

Словачка сака да испрати С-300 во Украина

Vesti +

(ВИДЕО) Тренчевска посети две семејства во Крушево: Преку социјалните услуги на локално ниво инвестираме во сите граѓани

В+

МОН: Во тек огласи за вработување на 500 образовни асистенти, нето месечна плата 24.000 денари

Vesti +

Ужас во Радовиш: Тројца осомничени дека силувале 33. годишна жена

В+