Пишува: Борјан Јовановски

Од 2007-та по приемот на Бугарија и Романија, ЕУ и Балканот ја играат играта која во бриселскиот еврократски жаргон се опишува како „ние се преправаме дека се прошируваме, а тие се преправаат дека се реформираат“ .

Оваа сцена на театарот на апсурдот почна да боде очи со бруталниот руски упад во Украина и порастот на руските апетити кон Балканот. Новата геополтичка реалност ги разбуди лидерите на европските држави кои конечно почнаа да размислуваат за модалитетите на реанимација на процесот на проширувањето. На чело на ова мисија застана Германија со нејзината социјал – демократска влада и нивните зелени коалициски партнери. На Германците им се придружија и Шпанија, Португалија, Италија, Белгија, Луксембург…како и некои држави од иточното крило на ЕУ. Актуелниот геополтички земјотрес ја разбуди дури и Франција.

Се разбира ЕУ не би била тоа што е ако овие случувања не се пропратени со конфузија која се растегнува од инертниот отпор кон прием на нови земји членки се до објективните причини кои ја кочат европската констурукција да апсорбира нови членови.

Официјален Париз пак смета дека треба да се бара решение во рамките на една нивна стара идеја за Европа во повеќе концентрични кругови кои подразбираат интеграција по моделот на Шенген системот и Европската монетарна унија-Еврото.

Тоа значи интегрирање во различлни стурктури според степенот на подготвеноста на една држава. За илустрација Романија и Бугарија не се кфалификувани за влез во европската монетрана унија. Бугарија не се прифаќа ниту во Шенген зоната поради високиот степен на корупција и комоцијата на организираниот криминал во таа земја членка. Како би се интегрирале земјите од регионот во овој се уште не јасен француски план не е јасно но во секој случај станува збор за членство од друга категорија?

Една од опциите на официјален Париз е и Европската полтичка заедница како некаков прв од тие концентрични кругови на новиот концепт на проширувањето. Во оваа комбинација Французите гледаат решение за ново големо проширување кое ќе ги опфати во еден бран земјите од Западниот Балкан но и Украина и Молдавија.

Од друга страна е официјален Берлин смета дека ваквите алтернативи за членство во ЕУ нема да ги решат проблемите за долгорочна стабилност и просперитет на континентот. Германија смета дека не смее да им се даде предност на Украина и Молдавија пред земјите од Балканот кои се веќе на еден или друг начин во поодмината фаза на европските интеграции. Берлин бара решение за интензивирање на традиционалниот рецепт на проширувањето. Слабоста на овој германски рецепт е Лисабонскиот договор кој ги утврдува правилата на одлучување во ЕУ.

Искуствата со разни блокади, особено на оние како Унгарските кога станува збор за одлуки на ЕУ во однос на руската агресија, упатуваат на објактивен страв од закочување на европските механзими со прием на Балканците во европските стурктури. Од тука и актуелната иницијатива на повеќе земји членки за менување на овие правила во прилог на носење одлуки по пат на квалификувано мнозинство. За жал, промената на овој механизам подразбира концензус кој за -кочничарите- на ЕУ е неприфатлив. Затоа Германците во игра го стават таканареченото интегрирање во фази кое подразбира отварање на европските фондови наменети за земјите членки во фазата на преговарачкиот процес но од друга страна зачленување без право на глас и комесарско место во ЕК се додека ЕУ не ги трансформира сопстевните механзими. Оптимистичката проценка е дека времето во кое трае преговарарачкиот процес кои треба да ги трансформира земјите кандидати во истиот период ЕУ да изнајде решенија за сопствените слабости.

Каков ќе биде исходот од оваа интерна дебата во ЕУ и особено меѓу Берлин и Париз тешко е да се превиди. Она што е важно е дека свесноста за потребата од интеграција на Балканот во европските структури изби на приоритетните листи. Актуелното шведско претседателстви подготува заклучоци за Европскиот Совет кој ќе се одржи на крајот од оваа недела . Според дипломатски извори, овие заклучоци кои Стокхолм ги изготвува за претсојниот Европски Совет треба да бидат јасен сигнал од ЕУ кон земјите аспиратни дека проширувањето на ЕУ останува да биде стратешки приоритет за Брисел.

Во меѓувреме кај нас дома, за жал погласни се полтичките ставови кои се обидуваат да го прогласат процесот на проширувањето за мртов, што прави огромна штета на кредибилитетот на европските интеграции кои пак се најсилната кохезивна сила во мултиетничката стуктура на Македонија. Рушењето на концезусот и дискредитацијата на европските интеграции во таа смисла би можеле да имаат фатални последици по внатрешната кохезија во општеството која е и онака на стаклени нозе.

Бранко Црвенковски чии полтики во 90- ја дискфалификуваа Македонија од таканаречената Агенда 2000 на ЕУ со која се дефинираше првиот голем бран на проширувањето сега предлага Македонија да бара алтернативи за членство како што е Европската економска заедница. Добро е да се знае дека земјите кои се во оваа зедница, како Норвешка или Швајцарија, исто така минаа низ процес на преговори и покра нивната супериорност кога станува збор за приницпите на заедничкиот европски пазар. Идејата да се цели кон статусот на Норвешка и Швајцарија во ЕУ е сосема во ред но тоа не ја менува суштината и нужноста од вклучување во преговарачкиот процес кој повторно минува преку концензус во Советот на министрите.

Што се однесува до предлогот на Црвенковски , Македонија да обезбеди отворање на европските фондови наменети за земјите членки тука повторно сме насочени кон преговарачкот процес во кој државниот апарат треба да се трансформира со цел да ги развие капацитетите за апсорбција на средствата од тие фондови.

Затоа секое одлагање на преговорите колку и да е неизвесна иднината на ЕУ која ќе произлезе од овој геополтички земјотрес, за Македонија е губење на време кое се помалку го има.

извор Новатв.мк