На 25.03.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„173“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20 годишно лице, удрило во малолетничка од с.Пирок, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.