Вестиплус дознава дека 49-годишното загинато лице е познат македонски бизнисмен.

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во скопското село Батинцe.

Од МВР потврдија дека во несреќата загинал 49 годишен маж.

– Околу 20.00 часот е пријавено дека во селото Батинци се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ Шкода Октавија ,управувано од Н. Р.(1972) од с.Батинци и ПМВ БМВ Од незгодата Н.Р починал од добиените повреди, а возачот на БМВ е пренесен во клинички центар. Упатени полициски службеници на лице место“, се вели во информацијата на МВР.