Починатиот 36-годишен пациент е примен на Инфективната клиника во Скопје на 19 октомври, а бил поставен на неинвазивна вентилација ден подоцна, информира за Фактор Милена Стевановиќ директор на Клиниката за инфективни болести. Тој е еден од четворицата пациенти од Скопје кои во изминатото деноноќие ја изгубија битката со корона вирусот, пишува Фактор.мк.

„При прием, пациентот имал масивна пнеумонија и сатурација од 75 проценти. Пациентот бил со прекумерна тежина и имал дијабетес мелитус, тип 2 за која примал терапија, HTA, вели д-р Стевановиќ за интернет порталот Фактор.мк.