Стедман Пирсон, легендата на групата Пет ѕвезди, почина на 60-годишна возраст.
Музичарот од “Five Star”, Стедман Пирсон, почина на 60-годишна возраст, објавија странските медиуми.
Стедман е роден во 1964 година во Ислингтон и беше најстариот од петте браќа и сестри, кои се здружија за да го формираат бендот Five Star.
На социјалната мрежа Х, фановите веќе почнаа да му оддаваат почит на починатиот музичар:
„Оваа недела ја добив тажната вест дека Стедман Пирсон, најстариот од познатиот семеен квинтет „Пет ѕвезди“ од осумдесеттите/деведесеттите, почина“, „Се надевав дека ова не е вистина, но мислам дека за жал е. Секој што ме познава знае колку ги сакам Пет ѕвезди“, „Таква тажна загуба. РИП Стедман Пирсон“.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...