Истражувачката компанија Latenta, која е стратешки партнер на македонската Агенција Рејтинг, ја освои престижната награда Quirk’s Awards 2026 во категоријата Groundbreaking Research Project (Револуционерен истражувачки проект). Наградата ја доделува американската компанија Quirk’s Media, која од 1986 година го издава едно од водечките стручни списанија во областа на истражувањето на пазарот.
Latenta е наградена за проектот BOF, реализиран за луксузен бренд за накит во фаза пред лансирање. Во финалето на истата категорија се најдоа и проектот на агенцијата Human8 за The Coca-Cola Company, проектот на DVJ Insights за VodafoneThree и компанијата MMR Research.
Покрај за овој проект, оваа година Latenta беше финалист и во уште две категории: Marketing Research Supplier of the Year, за компании со годишен приход под пет милиони долари, и Outstanding Young Researcher.
Наградениот проект: Како психолошки тест помага во изборот на луксузен накит?
Идејата на проектот BOF била необична: наместо купувачите сами да избираат накит од каталог, тие требало преку психолошки тест да откријат кое парче накит најмногу ќе одговара на нивната личност.
За да провери дали ваквата идеја може да биде успешен бизнис, компанијата Latenta спровела четиримесечно истражување во САД, Велика Британија и Германија. Биле анкетирани 13.006 луѓе, од кои 1.230 одговарале на специфичната целна група на брендот.
Резултатите покажале дека 38% од потенцијалните купувачи се заинтересирани за ваков начин на избор на накит. Станувало збор за претежно мажи на возраст од 35 до 44 години, кои редовно купуваат луксузни производи. За нив, вредноста всушност не била само во накитот, туку и во искуството преку психолошкиот тест да откријат нешто за себе. Тие биле подготвени дури да платат и значително повисока цена за таквото искуство.
Овие резултати му помогнале на клиентот да донесе важна деловна одлука: наместо да создаде бренд за широкиот пазар, да се фокусира на помала група купувачи кои се подготвени да платат повеќе за персонализирано искуство.
Но, Latenta не застанала само на истражувањето. Компанијата развила и психолошки прашалник и алгоритам кој, врз основа на одговорите, на секој купувач му го предлага парчето накит што најмногу одговара на неговата личност. Овој систем денес е основен дел од начинот на кој функционира брендот. Практично, Latenta успева преку сопствените методологии за профилирање, не само да ја идентификува идеалната целна група за таргетирање на накитот, туку и да креира продажна алатка која ефективно го стимулира купувачот да купи.
„Ова беше категоријата во која најмалку очекувавме победа, бидејќи во неа е најтешко да се победи. Покрај нас, во финалето беа и проекти за Coca-Cola и Vodafone“, изјави д-р Михајло Попеску, основач и директор на Latenta.
„За нас, истражувањето е успешно дури тогаш кога клиентот може веднаш да преземе конкретни чекори и да донесува одлуки што го подобруваат неговото работење. Овојпат отидовме чекор понатаму: самото истражување стана производ. Особено сум горд на тимот, кој претежно го сочинуваат наши луѓе. Оваа награда потврдува дека можат да победат и во најсилната светска конкуренција“, истакна Попеску.
Quirk’s Awards се отворени за истражувачи од целиот свет. Пријавените проекти ги оценуваат уредниците на Quirk’s, како и истражувачи од компании и истражувачки агенции. Членовите на жирито потпишуваат договор за доверливост, не смеат да оценуваат категории во кои самите се номинирани, а организаторот настојува, колку што е можно, да го сокрие идентитетот на пријавените учесници.
Официјална листа на добитници: https://www.quirksawards.com/2026-winners
Latenta е специјализирана консултантска компанија за истражување на пазарот со седиште во Лондон. Нејзината работа е насочена кон мерење и моделирање на скриените психолошки фактори што влијаат врз однесувањето и одлуките на потрошувачите. Услугите опфаќаат сегментација на пазарот, процена на побарувачката, анализа на вредноста на брендот, лојалност на купувачите и оптимизација на производната понуда. Компанијата има искуство со проекти во повеќе од 30 земји, а нејзин основач и директор е д-р Михајло Попеску.
Агенција Рејтинг е македонска агенција за истражување и комуникации, основана во 2007 година, која нуди услуги во областа на истражувањето на пазарот и јавното мислење, стратешките комуникации, односите со јавноста и дигиталните комуникации. Преку стратешката соработка со Latenta, Агенција Рејтинг ги претставува напредните бихевиорални истражувачки пристапи на македонскиот пазар.
Повеќе информации: www.latenta.com | www.rating.mk