Во многу од државните институции наголемо се работи на кроење списоци за тоа кои административци ќе бидат први на листите што ќе работат од дома, а во некои од овие државни органи веќе циркулираат документи за намалување на плати, пиува Фактор.мк.

Според сознанија на Фактор, во една од државните институции, која е една од листата на оние што работат со загуби во работењето, прокекол документ за снижување на платите за по 15 отсто.

Во друга институција, пак, има списоци дека сите вработени таму што земаат плата над последната просечна нето плата во земјава, а таа е 31.280 денари, платата ќе мора да им се скрати за 10 проценти.

Некои вработени во јавниот сектор, пак, јавуваат дека се кроеле списоци за тие со повисоки плати кратењето да биде 10 отсто, за советниците кои важат за таканаречена седна класа кратењето да изнесува по 20 проценти, а за референтите по 10 отсто, со што тие би паднале под минималната плата.

Наводно, во многу институции забрзано се кројат списоци и веќе се задолжени луѓе кои ќе го прават тоа, за одредување на првата групација од вработени од 30 отсто кои ќе работат од дома, а кои поради тоа ќе мора да имаат и намалени плати.

Синдикатите жестоко се спротивставија на ваквите владини намери, за кои власта рече дека се само препораки. Под овој притисок владините функционери смируваа дека никој нема да биде избркан ниту дека ќе му се намали платата, туку тоа ќе им се случи само на менаџерите со високи плати во загубарските јавни претпријатја и друштва во дравна сопственост, пишува Фактор.мк