Еден човек од Виена се огласил дека бара авто-лимар за работа во Виена, но неговата понуда наиде на осуда.

На Твитер се појави оглас за вработување во кој маж бара квалитетен авто-лимар за работа во Виена, а во зависност од искуството на работникот, платата се движи од 1.800 до 2.000 евра. Сепак, тој немал поим дека неговата понуда ќе биде дочекана со осуда.

„Луѓе, знаете ли некој авто лимар или авто лакер, ми треба работник за работа во Виена, со работното време од 8 до 17 часот.

Платата е од 1800 € до 2000 € зависи што знае човекот да прави. Може да се работи и во сабота, кој сака да работи во сабота се плаќа на рака. Благодарам“, напиша корисникот на Твитер.

Сепак, се чини дека многумина не беа ентузијасти за оваа понуда, посочувајќи дека авто лимар може да ја добие таа плата и на Балканот, како и дека ако сака добар работник „ќе мора повеќе да даде“:

„Во Србија платата им е 1.500 или повеќе. И работа колку сакаш. А секогаш има дефицит за добри занаетчии“, „Лошо плаќате, ситуацијата со работната сила е малку променета во последните години, ако не бевте информирани“, „Што е идеално, со тие пари во Австрија може да живее како црв“, „Ти си дечко луд, квалитетен авто лимар и авто лакер лесно заработува 1.500-2.000 месечно во Србија, работа колку сакаш, не се 2000-тите“, беа дел од коментарите на понудата. Од друга страна, имаше и такви кои од Виена му излегоа на одбрана на сопственикот и му понудија контакти на мајстори:

„Супер ми е како луѓето плукаат по понудата, а не земаат во предвид дека има и 13 и 14 плата и дека работното време е фиксирано на 8 часа, дека се плаќа и патувањето до работа и назад. Со уредна пријава и плаќање на пензија “, „Ако вам ви е мала, има и такви на кои не им е мала понудената плата, на југот на Србија работат за по 300-400 евра“, „Србија не е само Белград, на југот на Србија можат да сонуваат да ги заработат тие пари месечно“, беа дел од коментарите.

Бидејќи огласот предизвика голема дискусија, самиот газда уште еднаш се огласи:

„Толку многу непотребни коментари. Само прашав дали познавате некој што би работел за плата од 2000 евра. Не да коментирате беспотребно“, одговори газдата од Виена.