„Наша цврста позиција на која стоиме е дена недвосмислено го почитуваме Вашингтонскиот договор и сите фундаментални договори кои ја гарантираат безбеднста на Европа. Тоа е за нас висок приоритет и како земја-членка на НАТО ги повикуваме сите земји истото тоа да го направат“ кажа министерката за одбрана, Славјанка Петровска во дневникот на ТВ24 во врска со ситуацијата на украинско-руската граница.

Таа додаде дека нашите институции во целост ги преземаат мерките за заштита на своите граѓани. Како што кажа министерката сите релевантните институции задолжени за безбедноста на граѓните во државата и надвор од неа се во координација.

„Со колегите во Владата сме во постојана комуникација и ќе ги координираме сите активности кои како држава ќе ги преземаме периодов“ потенцираше Петровска.

Таа додаде дека Северна Македонија во целост ги поддржува напорите на НАТО и ОБСЕ за надминување на ситуацијата и дека поставувањето на вооружените сили од страна на Русија е провокативно и дестабилизирачко дејствување, што ја намалува безбедноста на Европа.