Вкупно 143 непрописно паркирани возила биле отстранети од улиците на Општина Центар во периодот од 1 до 8 ноември 2026 година, информираат од Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ).
Според претпријатието, возилата биле отстранети со специјалните возила „пајак“, бидејќи со непрописното паркирање го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот на територијата на општината.
Од ЈП ПОЦ нагласуваат дека за долгорочно решавање на проблемите со сообраќајниот метеж и неправилното паркирање е неопходно подигнување на сообраќајната култура кај возачите.
Претпријатието најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на непрописно паркираните автомобили, со цел подобрување на сообраќајната дисциплина и зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.
фото Општина Центар