Пожар и експлозија во стан на подрачјето на скопската општина Аеродром биле пријавени во раните утрински часови на 9 ноември 2026 година.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во 04:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан се запалил бојлерот во тоалетот, по што дошло до експлозија.

За среќа, во инцидентот нема повредени лица. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје.