Соопштение на  Општина Битола:

Предмет на електронското јавно наддавање е давање на деловни простории на ул.„Широк Сокак“ бр.160 Битола, сопственост на Општина Битола.

Увид во урбанистичко планска документација, увид на лице место и увид во сликовен приказ може да се изврши во административните простории на Општина Битола, во канцеларија бр.12 секој работен ден (од понеделник до петок) од 7.30 часот до 15.30 часот.

Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски, физички и правни лица кои можат да се стекнат со право на сопственост на недвижни ствари во земјата согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.

Заинтересираните правни и физички лица поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање.

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски преку информацискиот систем за јавно наддавање https://www.e-stvari.mk и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско јавно наддавање.

Оваа објава трае 21 (дваесет и еден) календарски ден и почнува да тече од денот на објавување и тоа од 13.10.2026 година и ќе трае заклучно со

02.11.2026 година до 24:00 часот.

Повеќе информации на следниот линк:

https://www.bitola.gov.mk/objava-br-8/