Меѓународниот монетарен фонд ја ревидира нагоре прогнозата за македонската економија. Наместо претходно очекуваните 3,1 проценти, за 2026 година сега прогнозира раст од 3,5 проценти.

За 2027 година ММФ очекува раст од 3,2 проценти. Со актуелната проценка Македонија е меѓу земјите со повисок проектиран раст во регионот.