Основното јавно обвинителство Кочани побара притвор за Ива Михаилова откако Основниот суд го известил дека обвинетата не била пронајдена на домашната адреса и не ја исполнила обврската редовно да се јавува во полиција.

На Михаилова претходно ѝ биле одземени македонскиот и бугарскиот пасош, а имала и забрана за преминување на границата со лична карта и за напуштање на Кочани. Судот сега треба да одлучи по предлогот за притвор.