Vestiplus.mk
+БИЗНИС

Од РКЕ смируваат дека евентуалното поскапување на струјата ќе биде минимално

Идните сметки за струја што ќе ги плаќаат граѓаните можно е да бидат поголеми за околу 50 денари, на износ од 1.000 денари, ако Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги прифати барањата на МЕПСО, НЕМО и Електродистрибуција за нагорна корекција на цените за пренос, организирање и управување на пазарот и за дистрибуција на струја. А, колку точно ќе изнесува конечното зголемување на цената на струјата, ќе зависи од онаа цена што ќе ја постигне Универзалниот снабдувач ЕВН- Хоум на тендерот за набавка на струја во јуни.

Ова го посочи претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, на денешниот брифинг, кој потсети дека регулаторите можат да влијаат само на 38 отсто од крајната цена на струјата што ја плаќаат граѓаните и малите фирми до 50 вработени.

Бислимоски рече дека МЕПСО побарал зголемување на цената за пренос на електрична енергија од 143 отсто, Националниот енергетски маркет оператор (НЕМО) за организирање и управување на пазарот на електрична енергија зголемување од 45 отсто, а Електродистрибуција за 0,95 отсто на цената за дистрибуција на струја. ЕВН-Хоум доставила до РКЕ само барање за цената на маржата, бидејќи во јуни се очекува да го објави јавниот тендер за набавка на струја за до крајот на годинава.

На овој тендер Електростопанство на Северна Македонија, ЕСМ, има обврска да понуди 70 отсто од своето производство за потребите за струја на пазарот, а останатите ЕВН-Хоум треба да ги ги набави на слободниот пазар. Ако цената што ќе ја понуди ЕСМ биде повисока од понудената увозна, ЕВН-Хоум може на слободниот пазар, да направи увоз за домашните потреби.

„Следната недела ќе направиме анализа на барањата од енергетските компании кои доставија до РКЕ извештаи за трошоци за материјали, бруто-плати, амортизација, профит, за загуби на електрична енергија во преносната и дистрибутивната мрежа и слично, на кои не може да влијаат“, изјави Бислимоски, кој додаде дека, ЕСМ во првите четири месеци од годинава понудил 70 отсто од потребите на ЕВН-Хоум за регулираниот пазар, по цена од 38,8 евра за мегават час. Останатите 30 проценти се набавени од други учесници на пазарот.

Во моментов во земјава цената на електричната енергија на регулираниот пазар е 4,81 денар за потрошен киловат час.

Минатата година, ЕСМ влијаел со 42,88 отсто врз крајната цена на струјата, ОИЕ со 7,3 отсто, МЕПСО со 3,53 отсто, НЕМО со 0,13 отсто за организирање и управување на пазарот, Електродистрибуција со 35,91 и ЕВН-Хоум со 10,26 отсто за снабдување.

Крајната одлука на РКЕ за новата цена на струјата треба да „падне“ на крајот на јули и да започне да важи од 1 август, односно „новите“ сметки за струја граѓаните ќе ги добијат на крајот на август.

Со последното поскапување на струјата за 7,4 отсто, лани од 1 август, домаќинствата за двотарифно мерење, висока тарифа, плаќаат 5,95 денари за киловат-час, а за еднотарифно, евтина тарифа, 4,77 денари за квч.

Енергетската заедница веќе има упатено забелешка за начинот на кој се одредува цената на струјата кај нас, и бара од регулаторите повеќе да на ја утврдуваат крајната цена на регулираниот пазар, туку само цените за маржите за пренос и за дистрибуција, по примерот на повеќе европски земји. Во таков случај, универзалниот снабдувач би ја набавувал струјата на тендер и таа цена би се трансферирала кон крајната.

Можеби ќе ве интересира...

Како да го победите брзото темпо на работа и да бидете успешни: Од нас се бара да работиме понапорно и побрзо, како и подобро и поевтино

Vesti +

Битиќи и Ковачевски: РЕК Битола работи со целиот расположлив капацитет за непречено 100% обезбедување на електрична енергија за домаќинствата

Vesti +

Грковска: Со координација на повеќе ресори и антикорупциските политики остваруваме транспарентен ефикасен систем и јавна администрација

В+

Пецкање или слабо ракување: 10 проблеми со рацете и можни болести

Vesti +

Тажна вест: На 49-годишна возраст почина професорката Марија Таковска

Vesti +

155 санкционирани возачи во Скопје, 34 за брзо возење

Vesti +