РКЕ утре носи одлука за нови цени на горивата.

Минатата недела се случи и тоа “чудо”, дизелот да падне под границата од 90 денари за литар, откако претходно најевтин беше на 31 мај и чинел 87 денари за литар. Ова се случи за прв пат по шест месеци.

Изминатите денови на светските берзи цените на нафтата повторно паднаа, па сега барел нафта БРЕНТ на лондонската берза се тргува за 83,6 долари, додека WTI круд на американските берзи се тргува за 76 долари.

Ова може да биде знак дека и утре треба да очекуваме значително поевтинување на цените на горивата во Македонија.