Основното јавно обвинителство од Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинение против лекарка – специјалист по општа медицина за кривично дело тешки дела против здравјето на луѓето.

Обвинетата била ангажирана со договор за повремени и привремени работи во Специјалистичкиот завод „Демир Капија“ – станбена единица во село Куршеница.

„Во периодот од 1.10 до 5.10.2020 година укажувала лекарска помош поради покачена телесна температура и дијареја на едно оштетено дете, родено 2009 година, сместено во Заводот како лице со тешко нарушување на психофизичкиот развој и со церебрална парализа. Меѓутоа, спротивно на договорот, здравствената помош ја укажувала без да изврши непосреден физикален преглед на детето, ординирала терапија и неговата состојба ја следела со телефонски известувања, не дала инфузија, па поради тоа, дошло до влошување на здравствената состојба на детето, настанала дехидрираност на неговиот организам и на 5.10.2020 година настапила смрт“, се наведува во соопштението на Обвинителството.​​