Министерството за внатрешни работи го потврди малтретирањето од страна на обезбедувањето на Христијан Мицковски на жители на Вевчани, за кое пишувавме синоќа.

На нашето прашање до МВР за тоа што се случувало во Вевчани синоќа, од МВР велат: „На 24.10.2021, во 22.30 часот, во ПО-Велешта Т.Ш. (32) пријавил дека околу 20.30 часот во центарот на с.Вевчани(пред кафе бар) додека следел митинг на политичка партија едно лице лажно му се претставило дека е полициски службеник и му побарало лична карта и откако ја фотографирал личната карта, му се заканил на пријавителот.

Потоа, според пријавеното, лицето влегло во кафе барот и им ги побарал а потоа и ги фотографирал личните карти на И.Д., М.Д., В.П., К.Р., Т.В. и Н.Б., сите од Вевчани, а потоа, без да се легитимира со службена легитимација, се оддалечило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. “