Утре се очекува Регулаторната Комисија за Енергетика да ја оддржи редовната седница на која треба да се утврдат новите цени на горивата за следниот период.

Секој понеделник, редовно, комисијата објавува нови цени.

Во моментов додека ја пишуваме статијава цените на нафтата се 120,7 долари за барел од типот брент, односно 114 долари за типот вти круд.

Покрај растот на цената на барелот, порасна и вредноста на доларот, која сега изнесува нешто над 56 денари за 1 долар.

Моментално горивата се продаваат по следните цени:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 56,207 (денари/килограм)