„За земјите од ‘Отворен Балкан’ ќе има пченица и нема забрана за извоз од Србија. На следната средба во вторник во Белград ќе биде потврдена сликата на помош, поддршка и заедништво“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека веќе се гледаат придобивките од оваа иницијатива и компаниите може да видат што значи немањето бариери за увоз и извоз.

„Македонските производи од Гевгелија до рафтовите во маркетите во Белград може да се најдат за помалку од еден ден“ рече Николовски.

Министерот рече дека веќе разговарал со неговиот српски колега и дека нашата влада ќе го даде динамичкиот план за увоз на пченица со цел да се овозможи увоз на потребните количини до жетвата.