Околу 160 кила висококвалитетен кокаин вреден над 10 милиони евра запленија македонската и грчката полиција во голема акција во Грција координирана со американската ДЕА, објави Centar.mk

Centar.mk известува дека била, разбиена голема организирана криминална група која била следена подолг период, а уапсени се повеќе грчки и македонски државјани.

Од македонското МВР потврдуваат за vestiplus.mk дека во тек е голема акција.