„Феминизмот не е исклучиво женска филозофија. Напротив, тој е современа филозофија со која мажите се бават. Во претставата Хеда Габлер, сите машки ликови се жртви на нејзината слободна мисла. И они страдаат затоа што не можат да ја разберат нејзината желба, волја и карактер“, рече театарски и филмски режисер Васил Христов Вуси во интервју на Слободен печат.
Тој потврди дека следната изведба на оваа претстава е во Народниот театар Војдан Чернодрински.
„Се надевам дека фестивалот сам ќе смогне снаги во следните години да се издигне на повисоко ниво и да достигнеме пристојност. Мене ми е чест што ја повикаа на отварање. Се надевам дека прилепската публика ќе ужива“, посочи Христов.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...