Телата на трите исчезнати лица се пронајдени во возилото со косовски таблички марка БМВ кое вчера по сообраќајка излета кај Лепенец, на патот Скопје – Приштина објави Centar.mk.

Во возилото кое беше извлечено доцна попладнево според извори на Centar.mk се пронајдени телата на трите лица кои се водеа за исчезнати.

Веднаш по несреќата вчера едно лице на возраст од 21 година било спасено и пренесено во болница, додека три лица меѓу кои и малолетник се водеа како исчезнати.

Повеќе информации и потврда за настанот Вести плус побара од МВР, за што очекуваме одговор.