Љубовта е прекрасно чувство – нема ништо поубаво кога сакаш и кога си сакан. Љубовта знае да не заслепи, па понекогаш не сакаме да видиме некои работи кај саканата личност кои долгорочно не ни одговараат.

Стапувањето во брак е голема пресвртница и одговорност и затоа не треба да избрзувате со оваа одлука. Колку и да сакате некого, за хармоничен и долготраен брак е потребно многу повеќе. Многу е важно да го делите истото мислење за клучните работи што ги носи заедничкиот живот.

Неговото мислење за децата
Можеби сакате деца, но прашање е дали вашиот партнер го има истото мислење. Може да се случи и спротивното – дека вашиот партнер очајно сака деца, додека вие мислите дека улогата на родител не ви одговара. Ова е важна тема за која треба да разговарате со личноста со која планирате да се омажите.

Финансиска состојба
Расправиите за пари, за жал, се многу чести во бракот. За да основате семејство со некого на здрава основа, треба да проверите колку таа личност е одговорна за парите. Можеби вашиот партнер е склон да троши пари или не е подготвен да се ангажира повеќе за да обезбеди добар живот за семејството. Ако не сте такви, тоа може да биде голем камен на сопнување.

Како се однесува со другите
Можете да заклучите многу за луѓето од тоа како се однесуваат кон келнерите, блиските пријатели, семејството, странците и слично. Многу е важно и какви односи одржува со поранешните девојки и како зборува за нив. Во никој случај не треба да гледате само на начинот на кој ве третираат и да ги игнорирате другите сигнали.

Интимност
Интимноста не значи само секс, иако сложување во сексот е исклучително важно за врската и бракот. Дали на вашиот партнер му е потребна блискост и интимност исто како и вие? Одговорот на ова прашање ќе ви даде важни упатства. Ако вашиот партнер е ладен и ретко ве гушка, бакнува, гали, а вие навистина го сакате тоа, тогаш треба да размислите како ќе се снаоѓате во бракот.

Како се справува со тешкотии
Животот носи убави и помалку убави моменти. Кога доаѓаат тешки времиња, сите ние се справуваме со нив на различни начини. Ако вашата сакана личност не знае како да се справи со тешкотиите на адекватен и зрел начин, размислете како ќе се однесува во иднина, што може да донесе уште потешки моменти од оние што ги знаете сега.