Планетите носат големи шанси за четири хороскопски знаци до крајот на јули. Нивната љубовна приказна допрва започнува, а ѕвездите ветуваат лето исполнето со страст и возбуда! Еве ги знаците:

Овен

Овенот ќе биде во центарот на вниманието во текот на јули. Не грижете се за тоа како изгледате, бидејќи без разлика како се чувствувате, додека Јупитер се движи низ вашата прва куќа, природно ќе ве исполни со самодоверба. Ќе зрачите, а тоа без никаков напор ќе привлече партнер кој ве цени за се што сте – и добро и лошо. Вашата огнена енергија ќе се разгори и ќе ви донесе личност која одговара на вашиот темперамент.

Вага

Додека Јупитер ја поминува сезоната движејќи се низ вашата седма куќа на врските, ќе почувствувате бран на еуфорија, ќе бидете исполнети со позитивна енергија. Токму оваа енергија ќе биде како магнет што ги привлекува другите. Имате шанса да ја воспоставите врската која отсекогаш сте ја замислувале за себе. Додека Сатурн продолжува да се движи низ вашата романтична петта куќа, може да имате моменти на сомнеж, но не дозволувајте тоа да ви ја расипе атмосферата!

Лав

Ова е вашата сезона! Дефинитивно не станувате помлади како што се приближува вашиот роденден, но тоа исто така значи дека сега сте помудри и повеќе ја цените вредноста на вашето време. Сметајте на љубовта како ваш роденденски подарок оваа година, бидејќи додека Јупитер ќе се пресели во вашата авантуристичка деветта куќа, вашата вистинска природа ќе излезе на виделина. Можеби едноставно ќе се заљубите во некој што никогаш не сте го очекувале затоа што тој не е ваш тип, но го сакате начинот на кој тој се однесува со вас. Благодарение на тоа што Сатурн ја стабилизира вашата седма куќа на партнерствата, ќе сфатите дека ова е вид на стабилна врска за која отсекогаш сте посакувале.

Стрелец

Ова лето сакате да флертувате и подготвени сте за забава. Вашата нескротлива, безгрижна енергија ја турка напред Јупитер додека престојува во вашата петта куќа на забавата и задоволството. Ќе ги игнорирате проблемите, ќе мислите само на релаксација и забава, ќе бидете расположени да експериментирате со нешто ново. Веројатно ќе сакате да одите на повеќе состаноци, конечно да си дадете шанса да откриете кој најмногу одговара на вашите потреби!