Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е осуден на нови 19 години затвор. Тој беше прогласен за виновен за основање и финансирање на екстремистичка организација и активности.

Навални веќе отслужува деветгодишна казна за прекршување на условно ослободување, измама и непочитување на судот.

По пресудата рече дека е свесен дека може да излезе од затвор само ако падне режимот или ако е мртов.

– 19 години во специјална режимска колонија. Бројката не е важна. Добро разбирам дека, како и многу политички затвореници, отслужувам доживотна затворска казна каде животот се мери според времетраењето на мојот живот или животот на овој режим. Бројот на години наведен во пресудата не е за мене. Тој е за вас. Сакаат да те исплашат тебе, а не мене и да ти ја одземат волјата за отпор. Вие сте принудени да ја предадете вашата Русија без борба на бандата предавници, крадци и никаквци кои ја презедоа власта. Путин не треба да ја постигне својата цел. Не губете ја волјата за отпор – порача Навални.