На 11.12.2021 во 01.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај автобуска станица во Македонска Каменица по претходна расправија е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.С. од с. Дулица, Б.Ј. од Македонска Каменица од една страна и Б.А. од Македонска Каменица од друга страна.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.