Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.К.(42) с.Смојмирово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 31.01.2023 на социјална мрежа пријавениот постирал текст со кој промовирал и поттиккнувал омраза и насилство.