93-та бригада на украинската армија со помош на територијалната одбрана и локалните герилци го ослободија градот Троштјанец во умската облас кој беше заземен од руските трупи уште на 1.март, соопшти Украина.

Како што наведува The Kyiv Independent, тие успеале да ја протераат „елитата“ на руските копнени сили, панцирската дивизија Кантемиров. На ова му претходеше поразот на командното место заедно со раководството на 96-та одвоена извидничка бригада во првите денови од одбраната на Октирк и борбата за Троштјанец.

-По серијата неуспеси, руската армија побегна од Троштјанец, оставајќи зад себе оружје, опрема и муниција што 93-та бригада ќе ги користи за ослободување на други украински градови од окупација.