На 15 јули почнува јубилејното 20-то издание на CINEDAYS
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

На 15 јули почнува јубилејното 20-то издание на CINEDAYS

На денешната прес-конференција за јубилејното 20-то издание на CINEDAYS, на која се објави богатата програма, присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, директорот на Младинскиот културен центар (МКЦ), Русе Арсов, координаторот на фестивалот на европски филм CINEDAYS, Маргарита Арсова и програмскиот директор на МКЦ, Филип Николовски.

– Почнат како европски проект пред 20 години, од Педро Алмодовар и Вивиен Ридинг, Синедејс се одржувал во ист момент во сите европски земји, со една клучна цел да го славиме и да го развиваме европскиот филм, односно да ја развиваме љубовта кон европскиот филм. Но, тој фестивал, единствено тука, во Македонија, продолжува да живее и да се надградува цели 20 години. Горд сум што го имаме еден од најдобрите филмски фестивали, а потврда за тоа е и акредитацијата од меѓународната асоцијација FLAPF, што го сместува рамо до рамо со најзначајните фестивали. Убеден сум дека годинашните селектори на програмата ќе ги задоволат вкусовите на својата публика, која секогаш имала исклучителен сенс за добар филм – кажа Шилегов.

Тој дополни дека CINEDAYS, по повод 20-годишното постоење, годинава воведува нова програма „Cinedays загревање – Европско патувачко кино под отворено небо“, како заеднички проект на Делегацијата на ЕУ и МКЦ, а со цел да се претстават нови европски филмови на отворено.

– Станува збор за годишно прикажување на нови европски филмови, признати од критиката и сакани од европската публика, кое секоја година ќе патува во три различни градови. Летово почнавме со Крива Паланка, Струмица и во Струга. Европското патувачко кино под отворено небо, оваа година ќе прикаже 12 филма: 6 европски филмови продуцирани во последните години, кои ја одразуваат европската креативност и разновидност и кои нудат по нешто за сечиј вкус и 6 македонски кратки филмови, дел од нив наградувани на различни филмски фестивали во светот и добро примени од вљубениците во филмот. Секоја средба со филмовите промовирани на CINEDAYS, претставува момент на препознавање и на признавање дека, станува збор за еден филмско уметнички свет, кој е мошне привлечен и за Градот и за скопјани како публика. Како и секоја година, верувам дека и оваа ќе се бара карта плус, а публиката долго ќе зборува за она што ќе може да го види на фестивалот – нагласи Шилегов на прес-конференцијата.

Русе Арсов, директорот на МКЦ, кажа дека пандемијата со короната и се она што се случувало минатата година ги натерало да побараат формати како да продолжат да работат и да не откажуваат предвидени културни настани, односно да ги организираат настаните на отворено и посочи дека можеби Синедејс треба да биде летен фестивал. Тој дополни дека фестивалот ќе се одржи на отворено на повеќе локации низ Скопје од 15 до 21 јули.

Маргарита Арсова, која е 10 години дел од фестивалот и е годинешен координатор кажа дека и годинава имаат одлична програма и дека многу и е драго што во рамките на гала програмата ќе има филмови коишто се прикажуваат на фестивалот во Кан, а ќе ги донесат на Синедејс.

Програмскиот директор на МКЦ, Филип Николовски, најави и голем број на едукативни работилници како дел од фестивалот, на кои тимови составени од млади луѓе од 15 до 20 години, ќе креираат музика за филм, ќе се работат на тема Екологија и климатски промени, ќе креираат филм за 72 часа, како и богата музичка програма.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Овие 2 знаци ги чека ОГРОМНА ДОБИВКА во април: Се се менува наеднаш, има можности кои не се пропуштаат!

Астрологијата ни открива многу работи, а сега открива и дека овие хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во наредниот месец. Овен Генерално, оваа година е среќна за Овните, а тие особено ќе ги почувствуваат придобивките на финансиски план. Планетата Јупитер, која владее со среќата и богатството, се наоѓа токму во Овен,... Прочитај повеќе...

Ова се најочигледните знаци дека вашиот мобилен телефон или компјутер се заразени со вирус

Паѓањето на програмите и апликациите е знак дека нешто не е во ред. Постојат неколку знаци кои укажуваат дека вашиот мобилен телефон или компјутер е заразен со вирус или злонамерен софтвер, а во продолжение прочитајте некои од најочигледните.. 1. Бавен уред кој брзо се загрева Во случај вашиот уред да... Прочитај повеќе...

Синоптичарите ја објавија најновата прогноза за до крајот на неделата – Следува драстична промена на времето

Синоптичарите ја објавија најновата прогноза. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (локално над 70км/час). Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во вечерните часови ветерот ќе го... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

149 санкции за брзо возење

Vesti +

Спасовски: Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ечи за нашите најдобри фудбалери!

Vesti +

СДСМ: Енергетската трансформација е во тек, нови 150 мегавати од обновливи извори

Vesti +

Тешка сообраќајка на патот Гевгелија – Богданци, младо момче итно пренесено во болница

В+

СДСМ: Обезбедени се 130 милиони евра за финансиска поддршка за граѓаните и компаниите, грижата продолжува

Vesti +

Ужас: Скопјанка пријавила дека поранешниот партнер извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка

Vesti +