Ако ги вратите изјавите на Мицкоски од јули, тој кажа дека нема никаков проблем за внесувањето на Бугарите во Уставот, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во гостувањето во „Само вистина“. Тој се надева ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка за уставните измени.

-Никој во нашата држава немаше против вклучувањето на Бугарите во Уставот. Така се прави разграничување меѓу македонскиот и бугарскиот народ, рече Митрески.

Според него темата на лидерската средба е европскиот пат на нашата држава и прашањето кое исто така ќе биде поставено е вклучувањето на Бугарите во Уставот.

Тој очекува ВМРО-ДПМНЕ, како што еднаш ги поддржало антикризните мерки, повторно да се „надминат“ во следниот период, бидејќи, како што вели, станува збор за сериозен период, но и за сериозна криза, која се чувствува секаде во светот, најмногу во Европа.