Откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче најави повлекување на СДСМ од работната група за изборниот законик по предлогот на власта за укинување на техничката влада, реагираше и Марија Митева портпаролка на Владата која таквиот потег го оцени какоуште еден политички незрел потег и постапувањето на ваков начин не носи ништо добро во интерес на граѓаните.

„Не можам да разберам како Филипче вчера кажа дека имаме пораст на гласовите, а денеска дека е против укинувањето на техничката влада, за која во минатото беа согласни дека треба да се укине“, рече Митева.