„Со вицепремиерот Маричиќ разговаравме за тоа како тече скринигот, како изгледаат новите обврски и во која мерка се разликуваат од она што Србија го правеше. Наша задача е да се обидеме да најдеме заеднички настап кон ЕУ и државите членки, за користењето на новата методологија, која е тука и ќе остане“ рече српската министерка за евроинтеграции Тања Мишчевиќ на прес-конференција со македонскиот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Таа додаде дека Северна Македонија и Србија треба заеднички да одговорат, но и заеднички да отворат прашања до ЕУ за процесот на преговори да биде свртен кон нашето разбирање на потребите.

„Тоа е начинот на кој учиме како да разговараме со ЕУ како регион, а утре како членки, како да ги штитиме нашите интереси, ко ќе бидат поразлични од интересите на другите региони во ЕУ“ рече Мишчевиќ.

Српската министерка кажа дека денес ќе се одржи и работна средба на претставници од нејзиното министерство и Секретаријатот за европски прашања со цел размена на искуства и знаења за поефикасно, полесно и побрзо да го поминеме патот на евроинтеграциите.