Министерот Бесими на состанокот на Конституенцата на ММФ и СБ во Црна Гора
Vestiplus.mk
+БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Министерот Бесими на состанокот на Конституенцата на ММФ и СБ во Црна Гора

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска и утре ќе учествува на Состанокот на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка што се одржува во приморскиот град Тиват, Црна Гора.

Во рамки на состанокот, министерот Бесими ќе учествува на панел дискусијата на тема „Стремеж за економска стабилност/Фискална консолидација и затегнување на монетарната политика – кој е оптималниот микс на политики? На темата ќе дебатираат гувернерите на централните банки на Молдавија, Ерменија и Романија, а свои обраќања ќе имаат и Клас Кнот претседател на Банката на Холандија и Алфред Камер директор на одделот за Европа во ММФ.

Министерот Бесими во Тиват на маргините на состанокот на Конституенцата ќе оствари билатерални средби со заменик-претседателот на Светска банка Антонела Басани и Алфонсо Гарсиа Мора, регионален заменик-претседател во ИФЦ, како и со директорот на одделот за Европа во ММФ Алфред Камер.

На Состанокот на Конституенцата во Тиват ќе учествуваат високи претставници на ММФ и Групацијата на СБ, како и гувернери на централни банки, меѓу кои и гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, и министри за финансии на земјите членки.

РС Македонија како земја членка на Светската банка е дел од Холандската конституенца, а минисерот за финансии ја претставува земјава во Одборот на гувернери на Светска банка.

Можеби ќе ве интересира...

Дали убиство го потресе Скопје на ден пред новогодишната ноќ: Пронајдено починато лице со видливи повреди во близина на познат локал во центарот на Скопје

Vesti +

Уште тројца скопјани каснати од кучиња скитници

Vesti +

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ идеолошки обезличена, континуитет на Ванчо Михајлов

Vesti +

Главни пораки од второто издание на Социо-еколошкиот форум Скопје

Vesti +

Претрес во Прилеп, пронајдена дрога

Vesti +

Почнува бесплатната вакцинација против сезонски грип

Vesti +