Предлогот на СДСМ минималната плата да се зголеми на 600 евра не доби поддршка во Собранието. Пратениците денеска расправаа и за измените на Законот за животна средина, за кои дел од невладините организации и опозицијата имаа забелешки поради постапката со европско знаменце.

Власта, пак, образложува дека законските измени се дел од усогласувањето со европското законодавство. Натамошна собраниска процедура доби и предлогот за проверка на странските директни инвестиции кога тие можат да имаат влијание врз националната безбедност. telma.com.mk