Министерот за правда Бојан Маричиќ од утре ќе престојува во неколкудневна работна посета на Стразбур. За време на посетата предвидено е министерот да одржи повеќе средби и состаноци, меѓу кои и со претседателот на Европскиот суд за човекови правда Роберт Спано. Маричиќ во Стразбур ќе потпише и повеќе документи и договори.

За време на престојот министерот за правда ќе се сретне со претставници на Советот на Европа и Венецијанската комисија.