„Од старт кажавме дека нема да се врзуваме за временски рамки и датуми, бидејќи тоа не носи никаков успех. Сепак, тоа не значи дека имаме бескрајно трпение за разговори. Што подвеќе чекаме, тоа помалку ќе има решителност и енергија за решавање“ изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека како што се погажа и при спорот со Грција по ветото во 2008 година, што подолго трае процесот така станува покомплициран.

„Сакаме да го искористиме француското претседателство и лидерството на Макрон за да го затвориме овој процес. Сепак, како што кажа премиерот, сакаме брзо, но не и избрзано решение“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот повтори дека решението треба да биде базирано на европски вредности.