„Ние, СДСМ, Владата, ама и граѓаните – сите сме за закон за рестриктивни мерки кои ја следат црната листа. Само ВМРО-ДПМНЕ е против. Ова е најдобра илустрација кој е за суштинска борба против корупцијата“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „Локално“.

Тој додаде дека донесувањето на овој закон е блокиран од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, односно, поточно од пратеникот и претседател за надворешна политика Антонио Милошоски.

„Ние на Извршната наредба издадена од претседателот Бајден, врз основа на која произлегуваат имињата на така наречената ‘црна листа’, гледаме како на огромна поддршка во борбата против корупцијата, што беше и останува клучен приоритет на досегашната и на идната Влада што ќе ја формира СДСМ“ истакна Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека Северна Македонија има воспоставено стратешки дијалог со Соединетите Американски Држави, и посебни форми на соработка, каде што системот на рестриктивни мерки на САД за санкционирање на корумпирани политичари на Западниот Балкан е од исклучително значење за борба против корупцијата.

„Донесувањето на Законот за рестриктивни мерки го бараат и граѓаните во огромно мнозинство и ни ќе го спроведеме овој закон. Сите оние на кои што нашиот стратешки партнер САД ни укажале и се ставени од некоја причина на црната листа, ќе бидат разгледани од нашите институции без никакво прејудицирање за исходот на постапката“ рече Маричиќ.