„Бараме решение кое нема да го загрози статусот на нашиот јазик и ќе успееме во тоа. Доколку не се договориме ококу тоа прашање, не може да има никаков договор со Бугарија“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за Македонското радио.

Тој додаде дека Владата внимателно пристапува во преговорите, се грижи и се води според Резолуцијата усвоена од сите партии во Собранието.

„Идентитетските прашања Бугарија може да се обиде да ги отвори, но тоа не значи дека ние би влегле во разговор и би прифатиле компромис. Затоа инсистираме сите точки да се решаваат во пакет, каде ќе има баланс во компромисите“ додаде Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека за Владата е неприфатлива бил окаква промена или додавка во преговарачката рамка со ЕУ за македонскиот јазик и неговиот статус во Унијата.